За нас

Шотокан карате-до клубот Јошитака од Скопје е најстариот клуб во Република Македонија, порано познат како Карате-до секција Партизан 3, кој непрекинато функционира од 1967 година кога во џудо секцијата е формирана под-секција во која тренинзи водеа Сејдо Теофиловски и Атанас Кајчевски. По краток период секцијата ја превзема еден од тогаш најдобрите каратисти во Југославија Сенсеи Драган Савиќ- Ѓоле кој го пренесе целиот квалитет на своите тогашни ученици. Единствена цел на клубот и на неговото раководство е промовирање на каратето како спорт и вештина со што се помага во правилен психо – физички развој на практикантите на секоја возраст. Со клубот раководи и работи претседателот и главен тренер Сенсеи Живко Тасевски, 8 Дан, кој постојано се залага за зголемување на бројот на практикантите, нивно здраво живеење и нижење успеси на домашен и меѓународен план.

Во клубот се вежба стилот ШОТОКАН-РЈУ КАЗЕ-ХА, еден од најуспешните стилови во светот, а во него моментално членуваат околу 70-тина членови, од пионери до сениори. Во текот на целото свое постоење клубот е член на официјалната Карате Федерација на Македонија, а со самото тоа и на официјалната Балканска, Европска и Светска Карате Федерација. Во своето досегашно постоење освоени се околу 7000 медали и пехари од национални, балкански, европски и светски првенства и купови. Како носители на сите тие медали се јавуваат многу генерации, почнувајќи од најмладите – пионерите, сé до најстарите – сениорите.